Хотелот Макотекс сместен во населбата Лагадин, на само 5 километри од Охрид, со убава и просторна плажа има прекрасна местоположба во низата на хотели на охридскиот брег.
Хотелот е сместен во зелинило и со восхитувачки поглед на езерото и на планината Галичица.
View Larger Map
Располага со 25 соби (дво, три и четврокреветни) со капацитет од 62 легла. Хотелот има ресторанска и банкет сала и соодветна опрема за деловни состаноци. Според својот капацитет и можности, хотел Макотекс е посебно погоден за семеен туризам, престој на помали туристички групи, и за одржување на семинари и слични состаноци.
Хотелот Макотекс има плажа „Зелен рај“ со околу 100 метри должина. Плажата е со ситен камен и целосно опремена. Како што името кажува плажата е единствена со длабоките сенки за оние што сакаат помалку сонце.
Хотел МАКОТЕКС
Лагадин, Охрид
e-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
tel/fax: +389 46 611 249
gsm: +389 76 592 900